Натпреварот меѓу Баерн и Унион Берлин во Бундеслигата, кој денеска требаше да се одигра во Минхен, е одложен поради обилни снежни врнежи.
„Одлучено е да не се игра натпреварот поради безбедносни ризици за сите играчи“, се вели во соопштението на Унион Берлин неколку часа пред почетокот на натпреварот.
Баерн изјави дека сака мечот да се одложи, но и дека безбедноста на нивните навивачи и поддржувачи на Унион Берлин е апсолутен приоритет.
Обилните снежни врнежи предизвикаа големи прекини во Баварија, на југот на Германија, особено во Минхен, каде поради снегот денеска беше во прекин воздушниот и железничкиот сообраќај.
Со оглед на тоа што лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен, утре ќе го игра својот натпревар од 13. коло, Баерн се надеваше дека ќе го преземе првото место со победата против Унион Берлин, кој е во серија од 15 натпревари без победа во сите натпреварувања.
Леверкузен во недела треба да ја пречека Борусија Дортмунд.