Владимир Блажев Панчо, пратечкиот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев се единствените членови од составот на ДНК кои го преживеаја пожарот во дискотеката во Кочани. Горан Тонев има сериозни повреди, но е во стабилна состојба и се наоѓа во една од болниците во Солун.
Горан пред два дена имал уште една операција, а според последните изјави на лекарите неговата здравствена состојба се подобрува. Инаку, Тонев е гитарист кој дипломирал на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кој јавноста го памети по настапите во 2020 година како дебитант на „Макфест“ во родниот Штип со песната „Мој и твој“.
Инаку, на поширокиот регион му стана познат по учеството на Ѕвездите на Гранд во 2021 година, каде беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ.
Трагичната вест од Кочани, каде во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, го потресе регионот, а вчера жртвите беа погребани во повеќе градови во Македонија.