Наводно, латино-дивата Шакира „не е заинтересирана“ за романтична врска со холивудскиот актер Том Круз и покрај гласините за славната двојка кои кружат во последните недели.
Имено, се шпекулираше дека 46-годишната Шакира и 60-годишниот Том се во врска откако беа видени заедно на трката за Големата награда на Формула 1 во Мајами на почетокот на мај.
Неодамна беше објавено дека Том Круз е „исклучително заинтересиран за врска“ со Шакира и дека е „очаен“ да излегува со ѕвездата додека таа наводно е „фокусирана на семејството“ наместо да размислува за врска со некој во моментот.
Сега се тврди дека Том Круз бил „возбуден“ кога ја запознал пејачката, која објави дека минатата година се разделила од сопругот Жерар Пике.
Магазинот Heat известува дека Шакира „го молела актерот да престане да флертува со неа“, повикувајќи се на извор кој дал дополнителни коментари за нивната интеракција овој месец. Беше објавено дека двете познати личности се познаваат „лабаво“ со години, но не поминале време во „опуштена средина“ до Ф1 трката овој месец. Истиот извор додал дека Том Круз се однесувал „како момче“ кога ја запознал Шакира, на ист начин како што реагирал кога прв пат бил со неговата сега веќе поранешна сопруга Кејти Холмс.
„Тој замина убеден дека треба да изградат вистинска врска“, открил изворот.
Том Круз наводно разговарал со пријателите за тоа, но изгледа дека Шакира не се чувствува исто. Неименуван извор рекол дека Шакира едноставно била „пријателска“ и позирала една минута со Том Круз, кој веднаш почнал да ја опишува како негова „жена од соништата“.
Таквата ситуација била „малку премногу“ за Шакира, која оттогаш морала да ги негира наводите дека била во врска со Том Круз.
„Таа не сака да го засрами или вознемири, но нема привлечност или занес од нејзина страна, таа едноставно се однесуваше пријателски. Тој и ласка, но таа не е заинтересирана“, нагласил изворот.
Истата личност открила дека славниот актер „се мачи“ да ја најде „вистинската“, додавајќи дека ги има највисоките стандарди и нема да се задоволи со „второто најдобро“. Исто така, му било предложено да размисли за промена на пристапот кон заведувањето, бидејќи „се чини дека не функционира премногу отворено“, барем во случајот на Шакира.