Владета Јеротиќ јасно и без двоумење зборуваше за бракот и децата.
Колку времињата се промениле покажува и фактот дека денешните деца созреваат многу подоцна отколку во минатото. Освен воспитувањето, влијаат и многу други работи.
Познатиот српски академик, невропсихијатар и писател Владета Јеротиќ презентираше низа исклучително важни факти за воспитувањето на детето, кои треба да ги усвои од А до Ш секој родител, но и оние кои планираат да станат во иднина.
„Децата не го зајакнуваат бракот. Онаму каде што има добар брак може да стане уште подобар со децата. Каде што не е добар, станува уште полош. Стабилните бракови се стабилни без разлика колку деца има. Значи, детето е токму она што e бракот“.
„Она што ќе одлучи дека детето неправилно се развива е недостатокот на топлина, сигурност и авторитет од страна на самите родители. Затоа што ако детето е навистина беспомошно на почетокот, од кого може да го добие тој прв неопходен импулс кон сигурност и грижа освен од родителите. Тој нема друг критериум за самопочит освен признанието што го добива од најблиската околина“.
„Единствено детето го прифаќа во играта друго дете онакво како што е, (Христос не повика да останеме како деца). Возрасните се гледаат едни со други како што би сакале другите да бидат, или како што самите би сакале да бидат, а откако ќе се уверат (ако се уверат) дека луѓето не се такви, ги критикуваат, со еден збор одбиваат да ги примат како еднакви во играта на возрасните, да ги прифатат такви какви што навистина се.
„На мало дете повеќе отколку на кој било друг му треба внимание, друштво, заштита, морално охрабрување и љубов. Претпоставката е дека љубовта всушност се раѓа на таа рана возраст кога детето чувствува дека неговата потреба за сигурност е релативно задоволена, и тоа дека таа пред се е задоволена однеговата мајката, која во тоа ги внесува своите непосредни и несебични чувства“.