Познатиот британски рок пејач Род Стјуарт (78) ненајавено во живо се приклучи на ТВ-програмата „Скај њуз“ за да ја осуди, како што наведе, смешната состојба на јавниот здравствен систем во земјата и ја повика конзервативната влада да се повлече и да даде опозициската Лабуристичка партија шанса.
„Во сите овие години од мојот живот, никогаш не сум видел толку лоша состојба. Мислам дека оваа влада треба да се повлече и да им даде шанса на лабуристите, иако претходно бев конзервативец“, рече Стјуарт.
Тој јавно се понуди да плати 20 или 30 прегледи за граѓаните во скапи приватни клиники и изрази надеж дека и другите кои можат да си дозволат ќе го следат неговиот пример.