Познатиот фудбалер Езекиел Лавеци заврши во болница откако бил избоден во Уругвај!
Аргентинските медиуми тврдат дека Лавеци бил избоден со остар предмет по семејна расправија и се здобил со повреди во пределот на стомакот.
Наводно поради пари се скарал со членовите на семејството, по што бил тешко избоден.
Неговата девојка го донела во болница.
Да потсетиме, Лавеци ги закачи копачките на колче во 2019 година. Остави голема трага во фудбалот, а најдобрите партии ги одигра во дресот на Наполи и Пари Сен Жермен.