Познатиот фудбалер се откажа од ќерката: Кога дозна како заработува 100.000 евра месечно…

Миа Винворд-Дан (19), ќерката на познатата британска актерка Семи Винворд и поранешниот англиски фудбалер Дејвид Дан, предизвика вистинска бура во јавноста откако откри дека нејзините родители целосно ја прекинале од нејзиниот живот – и го блокирале бројот и одбиле секаков контакт со неа.

Причината? Миа отвори профил на платформа за возрасни, каде објавува содржини и – како што тврди – заработува и до 100.000 евра месечно. Сепак, нејзините родители не биле подготвени да прифатат таков начин на живот за нивната ќерка.

– Се обидов да им објаснам на моите родители, но тие ме навредуваа и го блокираа бројот – изјави Миа во интервју за The Sun и додаде:

– Татко ми ме нарече телефонска проститутка. Јас веќе немам никаков контакт со нив. Срамота е тоа што го прават.

Инаку, Дејвид Дан е познат премиерлигаш, играч од средниот ред кој најголемиот дел од кариерата го мина во Блекбурн Роверс, каде настапуваше од 1998 до 2015 година. Кариерата ја заврши во Олдам во јануари 2016 година. По завршувањето на кариерата се испроба и во тренерската, но исклучиво во пониските лиги на Англија. Последниот ангажман му беше како помошник тренер на Порт Вејл, до февруари 2024 година.

Од друга страна, неговата ќерка истакнува дека се обидела да го поправи односот со семејството:

– Им испратив порака, им се извинив, им објаснив дека немам лоши намери. Ги сакам моите родители, можеби тие не ме сакаат мене, но ги сакам со целото мое срце. Мислам дека не е правилно да се прекине секаков контакт со член на семејството и сепак да се навредува. Имам само 19 години, само на почетокот на мојот живот. Тоа што го прават е одвратно.