Kултур Ефеџан (Kultur Efecan), TikToker со 176.000 следбеници, почина на 7-ми март поради компликации предизвикани од дебелината. Тој беше познат на TikTok по неговата контроверзна практика на „мукбанг“, во која јадеше големи количини храна во живо додека разговараше со своите следбеници.
Во Јужна Кореја, мукбанг – mukbang стана вистински тренд и придонесе за популарноста на многу инфлуенсери, вклучувајќи го и Kultur Efecan. Овој 24-годишен млад човек од Турција го освои ТикТок со своите видеа кои привлекоа бројни следбеници. Сепак, неговата навика да консумира огромни количини храна доведе до сериозни здравствени проблеми.
Овој феномен, популарен во Јужна Кореја, привлече големо внимание и критики за неговите здравствени ризици. Мукбанг е вид на видео во кое човек јаде големи количини храна во живо, често со звучни ефекти кои го подобруваат искуството за гледачите.
Здравствени проблеми на Култур Ефеџан
Ефекан почина од компликации предизвикани од дебелина, по тримесечна хоспитализација. Првичните здравствени проблеми започнаа во декември 2024 година, кога итно беше хоспитализиран поради проблеми со тежината. По втор престој во болница бил пуштен на домашно лекување, но здравствените проблеми му се влошиле. Според извештајот на Дејли Мејл, Ефеџан не можел самостојно да се движи, па дури и не можел да го посети гробот на неговата мајка, која починала претходната година. На крајот почина младиот ТикТокер.
Критика на мукбанг и здравствени опасности
Иако мукбанг стана глобален тренд, тој се соочува со многу критики поради неговите негативни здравствени ефекти. Многу експерти предупредуваат за ризикот од дебелина, дијабетес и други болести кои можат да настанат од прекумерно внесување храна. Иако нема докази кои директно го поврзуваат мукбанг со смртни случаи, неколку мукбангери починале поради здравствени компликации. Меѓу нив е и 24-годишната Кинеска Пан Ксијаотинг, која исто така го загуби животот поради последиците од екстремното консумирање храна.