Еден од најголемите хитови на Мараја Кери е „All I Want for Christmas Is You“, песна од која таа и денес профитира.
Според Билборд, пејачката лани од споменатата песна добила 1,86 милиони долари. Според студијата на Економист од 2016 година, Мараја Кери во просек заработува 2,5 милиони долари хонорари секоја година.
Песната „All I Want for Christmas Is You“ е објавена во 1994 година, а вкупната заработка би можела да надмине 100 милиони долари во 2023 година, тврди Асошиејтед прес, пренесува Index.hr.
Патем, оваа песна постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го и насловот на најстримуваната песна на Spotify за 24 часа. За еден ден во декември 2018 година, беше стримуван повеќе од 10,8 милиони пати, а повторно го собори рекордот во 2022 година со 21,3 милиони слушања.