Еден од папамобилите на папата Франциск ќе биде претворен во мобилна здравствена клиника за помош на децата во Појасот Газа.
Тоа беше последната желба на папата за децата од Газа пред да почине минатиот месец, соопшти Ватикан.
Возилото што се користело за време на неговата посета на Витлеем во 2014 година моментално се поправа и ќе влезе во Газа кога Израел ќе го отвори хуманитарниот коридор , според Каритас Ерусалим.
Војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа одзеде животи на повеќе од 15.000 деца и расели речиси еден милион луѓе откако избувна во октомври 2023 година, соопшти УНИЦЕФ.
Хамас сè уште држи 59 заложници.