Познат Бразилец бега од затвор: Каде исчезна Робињо? Филмски заплет во Бразил, полицијата го бара познатиот фудбалер!

Славниот бразилски фудбалер Робињо минатата година на суд во Милано беше осуден на девет години затвор поради силувањето кое го изврши со уште неколку лица во 2013 година.

Сепак, од Бразил пристигнуваат неверојатни вести.

Имено, бразилското МВР издаде налог за апсење на познатиот фудбалер,Робињо, а од него нема ни трага ни глас.

Полицијата не го пронашла Робињо на неговата домашна адреса a потрагата по поранешниот играч на Реал Мадрид, Милан и Манчестер Сити е во тек, пишуваат бразилските медиуми.

Да потсетиме, минатата година Робињо беше осуден на девет години затвор на судот во Милано поради силувањето кое го изврши со уште неколку лица во 2013 година.

Како што се наведува, италијанските власти побарале екстрадиција од Бразил, но бидејќи нема договор меѓу двете земји, морале да посегнат по друго решение. На крајот земјите се договорија Робињо да биде уапсен во Бразил, а таму да ја отслужи целата казна, што Бразил го прифати.

Но, Робињo го нема.

Да потсетиме, ова не е прв случај на бразилски фудбалери кои се обвинети за силување, а последен меѓу нив е познатиот ас на Барселона, Дани Алвеш, кој сè уште е во притвор.