Многу се зборува за ,,Г” точката, бидејќи таа е област со најмногу ерогена стимулација кај жените. Правилната стимулација може директно да ја доведе жената до оргазам и да го зголеми задоволството за време на сексуалниот однос.
Точката „Г“, сунѓереста маса на предниот ѕид на вагината, можеби е клучот за сексуалното задоволство. Сепак, стареењето и другите фактори можат да ја намалат нејзината чувствителност, објаснува гинекологот Горан Маленковиќ. Решението е подмладување на Г-точката, брза и безболна процедура која користи хијалуронски филери за враќање на страста во интимниот живот.
„Подмладувањето се врши под локална анестезија за само неколку минути, со хијалуронски филери специјално дизајнирани за вагинална употреба. Филерите доведуваат до оток и повторно зголемување на Г-точката, а резултатите по интервенцијата траат од 12-18 месеци. Освен физичките придобивки, оваа процедура позитивно влијае на самодовербата на жената и им овозможува на жените да имаат неспоредливо поголемо сексуално искуство“, објаснува докторот.
Каде се наоѓа Г точката?
Г-точката се наоѓа на ѕидот на женската вагина . Предниот ѕид се наоѓа на длабочина од 5 или 6 сантиметри зад фронталната коска и уретратата. Некои жени тврдат дека ткивото во овој дел е различно, подебело. Иако веќе има многу студии кои ја разјаснуваат функцијата на оваа зона, контроверзите во научните кругови сè уште опстојуваат.
Сепак, она што со сигурност се знае е дека стимулацијата на Г-точката има неверојатно влијание кај многу жени. Оргазмот што се постигнува со стимулација на оваа точка е различен од оној што се постигнува со стимулација на клиторисот.