Познатиот британски комичар Џош Бери до солзи ги насмеа љубителите на тенисот ширум светот со својата генијална имитација на Новак Ѓоковиќ.
Момчето кое го привлече вниманието на јавноста за време на Вимблдон со своите автентични имитации на бројни тениски ѕвезди приреди ново шоу за љубителите на тенисот.
Тој до совршенство ги имитира гласовите и движењата на Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Енди Мареј … Најдобриот на сите времиња очигледно особено го инспирира, откако повторно се најде на „тапет“.
„Пријателе мој, мислам дека никогаш нема да успорам. Но, навистина, никогаш нема да се повлечам, ќе продолжам да играм тенис. Веганската исхрана значи дека имам внатрешни органи на 14-годишно момче, па ќе продолжам. Моето тело и мојот дух се во совршена форма. Дури и кога Земјата е ужасна поради климатските промени, ќе се погрижам да одиме на други планети и ќе победувам тенис и таму и во универзумот ќе бидам најдобар играч во целата галаксија“, рече Бери имитирајќи ги гестовите и гласот на српскиот тенисер.
Погледнете како тоа изгледаше: