Познатиот македонски актер Сашко Коцев со автомобил удрил полицаец на патот меѓу Бујановац и Прешево, соопшти полицијата.
Од српското МВР потврдија дека Коцев со својот автомобил удрил полицаец кој му дал знак да застане за да ја пропушти делегацијата во која бил и српскиот патријарх Порфирије.
Ова го потврди Бобан Накиќ, јавен обвинител во Бујановац.
„Одредив приведување на државјанин на С. Македонија затоа што денеска возел со 184 километри на час на автопатот кај Бујановац па удрил во службено полициско возило, при што во таа прилика е повреден еден полицаец. Полицискиот радар бил оштетен при судирот. Материјална штета причинета во таа прилика се проценува на над 2 милиони динари“, рече Накиќ.