Познат пејач добил инфаркт на сцена – Починал на лице место, објавено е вознемирувачко видео од моментот на смртта

Познатиот кубански пејач и текстописец Хуан Карлос Формел почина на 60-годишна возраст.

Според „Дејли мејл“, тој доживеал срцев удар додека бил на сцена за време на настап во Њујорк на 26 мај.

Формел беше син на музичката легенда Хуан Формел. Тој е роден во Куба, но во 1993 година се преселил во Њујорк, а откако татко му починал во 2014 година, го зазема неговото место како басист во афро-кубанскиот бенд Лос Ван Ван.

Неговиот брат Семјуел е тапанар во споменатиот бенд, додека неговата сестра Ванеса е пејачка. Тие настапуваа заедно во Бронкс кога Хуан Карлос ненадејно се сруши во близина на завесата на задниот дел од бината откако доживеа срцев удар.

Бендот паузираше половина час, а потоа излезе пред публиката и кажа дека басистот има здравствени проблеми, а потоа свиреа уште еден час за да ги почитуваат присутните, се наведува понатаму.

Покојниот Хуан Карлос потекнува од семејство на одлични музичари, бидејќи речиси сите негови предци биле одлични во оваа уметност. Колку бил голем неговиот талент сведочи и фактот дека во 2000 година беше номиниран за Греми за неговиот деби албум „Песни од мала сина куќа“.