Познат почетниот составот на македонската фудбалска репрезентација за натпреварот со Фарски Острови

Македонската фудбалска репрезентација денес ја очекува контролен натпревар со репрезентацијата на фарски Острови.

„Црвено-жолтите“ ќе бидат со изменет состав во споредба со натпреварот со Малта одигран во четвртокот

Селекторот Благоја Милевски за овој дуел се одлучи за следниов почетен состав и формација 4-3-3:

голман: Дамјан Шишковски  

одбрана: Кире Ристевски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски

среден ред: Валон Етеми, Дарко Велковски, Енис Барди и Јани Атанасов

напад: Милан Ристовски, Илија Несторовски и Дарко Чурлинов.

Средбата ќе се игра на арената „Тодор Проески“ со почеток во 18 часот.