ПОЗНАТ РАПЕР ОСУДЕН НА 10 ГОДИНИ ЗАТВОР – Пукал во млада раперка откако се скарале на забава кај позната ријалити ѕвезда

Канадскиот рапер Тори Ланез е осуден на десет години затвор затоа што ја застрелал американската хип-хоп ѕвезда Меган Т. Сталион.

Тори Ланез ја застрела добитничката на Греми во нозете за време на кавга после забава во 2020 година.

Тој е прогласен за виновен по три точки во декември и оттогаш е во затвор. Поради пукањето, Меган Т. Сталион беше подложена на операција за отстранување на фрагменти од куршуми од стапалото.

Тори Ланез

Инцидентот се случил додека се враќале од забава организирана од ријалити ѕвездата Кајли Џенер.

Обвинителите побарале од судијата да го осуди на 13 години затвор затоа што пукал во „ранлива жртва“ во мирна улица.

Адвокатите на Тори Ланез тврдат дека тој треба да добие условна казна, како и да помине програма за лекување од дрога.

Меган Т. СталионТори Ланез