На мажот му е одредена мерка притвор до 48 часа, а за сè е известено Првото основно обвинителство.
Девојката која го пријавила сопругот (25) за семејно насилство во Sвездара во моментов е на лекарски прегледи.
Полицијата приведе маж откако неговата девојка го обвинила дека ја претепал неа и нивното шестмесечно бебе. Како што е познато, на детето му е извршен медицински преглед и му се констатирани повреди. Тоа е момче.
За малиот моментално се грижи пејачот Милан Динчиќ Динча и неговата сопруга Јелена.
-Девојката со месеци трпеше насилство. Но, таа нема каде да оди, па молчеше. Сепак, ситуацијата ескалира вечерва. Видов дека детето има повреди неколку дена. Ја прашувам што му е а таа ми одговори: „Ај ништо, го изгребав несакајќи“. Но, по таа ноќ, таа чекаше нехзиниот невенчан сопруг да отиде на работа и отиде да го пријави за насилство – изјави Јелена Динчиќ.
Како што се дознава, на човекот му е одредена мерка притвор до 48 часа, а за сè било известено Првото основно обвинителство.