Некогаш познатиот фудбалер на лондонскиот Арсенал, Метју Фламини, пред десет години започна бизнис кој му донесе милиони, а кој нема никаква врска со фудбалот.
Метју Фламини беше познат како фудбалер кој не штеди енергија на теренот, а со години вешто ја криеше својата енергија и тоа како размислува надвор од фудбалскиот терен.
Имено, тој на 24 години отворил компанија со неговиот деловен партнер Пасквал Гранат чија цел од 2008 година била да најде алтернатива за нафтата. Колку оваа компанија стана успешна најдобро говори податокот дека се прошири низ цела Европа и има повеќе од 400 вработени.
Заработените пари од кариерата Метју Фламини со години ги инвестирал во научници, инфраструктура, вработени и разни истражувања, за да стигне до т.н. левулинска киселина.
Најинтересниот дел од целата приказна е што никој, па ни неговите родители, не знаеле за приватниот бизнис на Метју Фламини.
„Соиграчите од Арсенал дознаа кога ги прочитаа весниците, а јас не му ја открив работата ниту на тренерот. Никој, навистина, не знаеше ништо за ова. Мојот партнер е јавно активен, а јас секогаш работев од сенка“, изјавил тогаш Метју Фламини, додавајќи: „Не беше лесно затоа што кога ќе започнете нешто такво, трошите многу пари и имате стрес. Сепак, тоа беше одличен начин да се оддалечите од фудбалот, кој е полн со подеми и падови, па оваа работа ми го расчисти умот и ми донесе големо богатство. Овој пазар вреден околу 30 милијарди евра“.
Метју Фламини и Пасквал Гранат успеаја да развијат гориво што може да се користи наместо нафта и тоа им донесе неверојатно богатство. Самата компанија вреди повеќе од 20 милијарди евра, а според некои информации, францускиот поранешен фудбалер има повеќе од 500 милиони евра на сметката, што го прави еден од најбогатите поранешни спортисти во светот.
Компанијата има седиште во Париз, а канцеларии во САД и Холандија.
Сепак, парите не паѓаат само од небо.
„Не работам само кога спијам. Веќе не ги бројам ни часовите. Сакам да бидам дел од младата генерација која ќе се грижи за подобро утре“, изјавил Метју Фламини.