Американскиот Јутјубер, стример и гејмер Тајлер Блевинс, попознат како Нинџа, откри дека на 32-годишна возраст му бил дијагностициран рак на кожата.
Тој изјави дека лекарите се оптимисти бидејќи ракот бил дијагностициран во рана фаза.
„Сè уште сум во мал шок, но сакам да ве известам. Отидов на дерматолог пред неколку недели на мојот годишен преглед. На дното на моето стапало имаше бенка која сакаа да ја отстранат како мерка на претпазливост. Испадна дека е меланом, но тие се оптимисти затоа што „фативме“ во рана фаза“, рече тој.
Тој ги потсети своите обожаватели на важноста од редовните контроли.
„Се појави уште една темна точка, па денес направија биопсија и отстранија поголема површина околу меланомот со надеж дека ќе видат јасни рабови што не се меланомски под микроскоп. Среќен сум што ја открија рано, но ве молам земете го ова како потсетување за прегледи“, рече тој.е.
Од јули 2019 година, тој е најпопуларниот стример на Twitch со повеќе од 19 милиони следбеници. Во август истата година, тој објави дека ќе престане да стримува на Twitch и ќе се префрли на Mixer. Откако го исклучи Mixer, тој се врати на Twitch. Тој има речиси 24 милиони претплатници на YouTube.