ПОКРАЈ ЧОЛА, ОВИЕ ПЕАЧКИ ГО СРУШИЈА РЕКОРДОТ НА ЗАРАБОТКА ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ! Хонорарот на Цеца ќе ве ШОКИРА, цифрата Вртоглава: Брука!

Најголемата ѕвезда на Балканот, Здравко Чолиќ, за настапот во најлудата ноќ во Дубровник заработува дури 130.000 евра , но не е единствениот што ќе заработи големи пари за новогодишната ноќ.

– Некои новогодишни настапи се закажани и една година однапред а некои пејачи веќе добија аванс. Точно една година претходно, Здравко Чолиќ закажа концерт во Дубровник, каде за три часа пеење ќе добие 130.000 евра! Нема грешка со него, сигурно ќе има многу затоа што го обожаваат сите, и млади и стари – вели менаџерот за забава и додава дека Цеца за новогодишната ноќ ќе добие 80.000 евра:

– Цеца ќе ја дочека Новата година во Црна Гора во Бар и наводно ќе заработи околу 80.000 евра за таа вечер, додека Дара Бубамара ќе заработи 20.000 евра помалку :

– Иако оваа година ја крена цената, организаторите од Америка веднаш се согласија да и дадат 60.000 евра за настапот во Чикаго. Дара на две недели оди во Америка каде ќе има турнеја, а новогодишната ноќ ќе ја помине во Чикаго. Таму ја обожаваат, па сигурно е дека ќе го наполни клубот.

Најголем број пејачи настапуваат во Белград

– Белград е епицентарот на забавите, па најдобрата понуда ќе биде тука. Слоба Радановиќ ќе пее во хотел за 40.000 евра, а ист хонорар Џани ќе добие за тезга во сала. Во главниот град ќе пее и Дејан Матиќ, за 30.000 евра – вели менаџерот.

Слоба Радановиќ таа вечер ќе биде побогат за 30.000 евра.