Покриви и искорнати дрвја, поглед од Хрватска која беше погодена од силна бура

Силна бура ја погоди вчера Хрватска, каде што се пријавени материјални штети, како во приватни домови, така и во колективни згради и во инфраструктура.

Различни аматерски снимки прикажуваат морничави сцени од Загреб и разни делови на Хрватска, објавува Телеграф.

Таму, се гледаат џиновски дрвја искоренети од силни ветрови, а во некои случаи, и покривите на зградите се откорнати.

Бројни пожарникари пристигнале на местото на настанот и прават сѐ што е во нивна моќ за да ги расчистат патиштата за сообраќај, бидејќи тие се блокирани од искорнати дрвја.

Властите ги предупредија граѓаните во одредени области да бидат претпазливи и да избегнуваат излегување освен ако не е потребно.