Шпанската полиција соопшти дека политичарот Алехо Видас Квадрас (78 г.) бил застрелан директно во лицето денес во Мадрид, пренесува медиумската агенција Reuters.
Алехо Видас Квадрас е поранешен лидер на партијата Шпанија во Каталонија, а тој беше и потпретседател на Европскиот парламент од 1999 до 2014 година.
Тој бил застрелан денес околу 13 часот и 30 минути по локално време во центарот на шпанската престолнина и веднаш бил пренесен во болница, но залудно.
Полицијата веднаш блокирала се и го опколила местото на злосторството. Не е познато кој пукал во шпанскиот политичар, а во тек е потрага по мотоциклист за кој се сомнева дека има врска со пукањето.