Новак Ѓоковиќ се најде на удар на политичарка која поради случувањата во спортот се расправала со Шпанците, а ги прозва и навивачите на Црвена Звезда.
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во интервјуата често нагласуваше колку бомбардирањето на НАТО на неговата земја кога тој беше момче влијаеше на неговото растење, а една од тие снимки деновиве повторно стана вирална на интернет. На Твитер се „врти“ инсертот од шоуто на Греам Бенсинџер, а на него реагираше Вљора Читаку, политичарка од „Косово“ .
Жената која е позната по неколку скандали – како оној со Шпанците или кога ги повикуваше навивачите на Црвена звезда – овој пат вниманието го сврте кон Новак Ѓоковиќ и беше многу безобразна. Таа ја спореди Србија со нацистичка Германија, а патем го глорифицираше бомбардирањето на НАТО кое траеше 78 дена и при што беа мета на цивилни цели!
„ И што точно избравте да простите? Хуманитарната интервенција на НАТО што стави крај на српската геноцидна војна? Замислете германски спортист во 1970-тите кој вели дека им простува на САД и сојузничките сили што го запреа Хитлер“, напиша Вљора како одговор на видеото од Новак Ѓоковиќ .
Поранешната министерка на „Косово“ за евроинтеграции, а денеска амбасадор во САД, одговори на инсертот од емисијата што беше снимена пред неколку месеци. На него се гледа како Новак Ѓоковиќ вели дека го простил бомбардирањето на Југославија, кое било извршено без одлука на Обединетите нации, а познато е дека бомбите што паднале влијаеле и на неговата кариера. Деновите кога не можеше да тренира го направија Новак Ѓоковиќ посилен и делумно поради тоа стана најдобар тенисер на сите времиња.