Полицаец и неговата ќерка беа убиени во саботата за време на размена на оган со криминалци пред аптека на северот на Сао Паоло.
Полицискиот капар Андерсон де Оливеира Валентим седеше на возачкото седиште, додека неговата деветнаесетгодишна ќерка седеше позади. Тие ја чекале сопругата на Андерсон да излезе од аптеката кога три маскирани млади момчиња поминале покрај возилото и застанале пред вратата на аптеката.
Андерсон, кој сфатил дека младите ќе извршат грабеж, вперил пиштол од внатрешноста на автомобилот како предупредувачки знак, по што младите почнале да си одат.
Сепак, полицаецот излегол од автомобилот со пиштол во рацете, но младиот облечен во црно пукал. Еден од истрелите го погодил полицаецот додека другиот ја уби неговата ќерка која била во автомобилот.
Криминалците побегнале со сив автомобил. Нема информации дали некој од нив е повреден.Полицијата го пронашла автомобилот во Гуарулхос, на три километри од местото на злосторството.
Засега нема апсења.