Полицајката која имаше оргија со шест колеги во станица проговори: “Бев очајна”

„Бев глупа, бев очајна, а момчињата се момчиња и тие би ја искористиле секоја можна прилика“ – тврди Меган Хол.

Полицајка од Тенеси, која беше отпуштена поради секс со шест полицајци додека била на должност, им кажала на инспекторите дека „пукнала“ додека минувала низ тежок развод, што на крајот довело до афери со бројни машки колеги кои, како што вели таа, „ќе се зафркаваат со било што“.

Меган Хол ( 26) објасни како работите излегле од контрола, а сега е објавен транскрипт од интервјуто.

„Мојот сопруг и јас бевме на работ на развод во тоа време и јас пукнав, едноставно се ми излезе од контрола. Бев глупава, бев очајна, а момчињата се момчиња и тие ја користат секоја можна прилика “, вели таа во транскриптот, пишува NY Post .

Хол имаше и три интервјуа со шефот на човечки ресурси, Ендрју Патон. Во еден дел од транскриптот од 61 страница, Хол призна дека имал орален секс со колегата Луис Пауел во полициската станица. Таа исто така додала дека нивната афера вклучува „многу секс“ и дека тоа е предизвикано од проблеми во нејзиниот брак.

Но, нивната врска стана токсична откако таа се обиде да раскине со Пауел. Таа рече дека тој почнал да се заканува дека ќе се самоубие и дека планирал да испие цело шише Џек Даниел, а потоа да го сруши својот автомобил.

„Поради тебе, ми го направи ова, ме повреди“, наводно и рекол Пауел откако решила да ја прекине врската со него.

Тие на крајот ја прекинале својата афера откако таа му признала дека била во сексуална врска со некој друг. За време на интервјуто таа признала и дека имала секс со колегата Лари Холадеј и дека учествувала во тројка со колегата Патрик Маглиока и неговата сопруга. Наводно, таа разменила експлицитни фотографии со неколку полицајци.

Детално опишала и како се обидела да го натера сопругот да има секс со Маглиока и неговата сопруга, но тој план, за нејзина жал, не успеал.

„Магс беше до нас, на каучот, и рече – „ако сите почнете да се бакнувате, можеби Џед , мојот сопруг, ќе ни се придружи“. Но, кога почнавме да се бакнуваме, Џед рече „не““, раскажува таа .

Таа се присети и како се обидела да го вовлече својот сопруг во друга сексуална врска со друга двојка. Тај Мекгован и неговата сопруга. Мекгован доби и отказ поради аферата со Хол.

„Тај се обиде да му каже на Џед да учествува. Игравме уно, а потоа сопругата на Мекгован излезе во двор со Џед, а јас и Тај се бакнавме малку и тоа беше тоа“, објасни отпуштената полицајка, откривајќи дека Мекгован имал фетиш на нозете , па му испратила фотографии од себе.

И покрај откритијата за нејзините повеќекратни афери со колегите во полициската станица, Хол призна дека таа и нејзиниот сопруг одлучиле да останат заедно и планираат да одат на терапија за парови.

„Не беше лесно, но ух, мило ми е што му кажав сè“, заклучува Хол.