Млада полицајка е суспендирана бидејќи била во врска со претпоставениот, кој е оженет, а сега против неа се води истрага за наводна афера со локален наркобос.
Младата полицајка Кејтлин Хаварт (21), која беше суспендирана поради непримерна врска со оженетиот шеф на полициската станица, сега се соочува со истрага за наводна афера со локален нарко бос .
Хауарт беше суспендирана од полицијата во Западен Јоркшир во ноември 2021 година, откако беше обвинета дека имала афера со нејзиниот началник, Даниел Гринвуд, кој во тоа време имал 38 години.
Сепак, нивната наводна врска излезе на виделина по истрагата на полициските службеници за борба против корупцијата за нејзините врски со нарко бос кој сега е зад решетки поради дилање хероин.
Кејтлин останува под суспензија додека полицијата ги истражува наводите против неа. Началникот Гринвуд исто така беше суспендиран поради афера со млада полицајка.
Во меѓувреме, поранешната полицајка, која живее со својата мајка во Бингли, Западен Јоркшир, редовно објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи и има околу 100.000 следбеници, пишува Дејли мејл.