Полицајци пукале во човек, па сфатиле дека се на погрешна адреса (ВИДЕО)

Полицајци пукале во човек, па сфатиле дека се на погрешна адреса (ВИДЕО)

Тројца полицајци се на платен одмор

Полицајците во Ново Мексико застрелале маж, а потоа сфатиле дека се на погрешна адреса.

Тројца полицајци од полицискиот оддел Фармингтон, на северот на оваа американска држава, одговориле на повикот за семејно насилство и отишле на 5308 Valley View Avenue.

Иако го прашале диспечерот дали се на точната адреса, тие се нашле пред куќата со број 5305. И покрај грешката, продолжиле да удираат на вратата, која потоа ја отворил Роберт Дотсон .. Тој го вперил пиштолот кон нив, а сите тројца полицајци возвратиле.

Дотсон бил убиен на местото на настанот.

Една минута подоцна на вратата се појавила сопругата на Дотсон, а и тогаш пукањето не престанало. Полицијата соопшти дека таа пукала во нив.

Тројца полицајци се на платен одмор додека трае истрагата.

– Сакаме да изразиме сочувство до семејството Дотсон, а како началник на полицијата сакам да истакнам колку ни е жал што се случи оваа трагедија – изјави Стив Хеб.

Полицијата објави снимка од инцидентот.