Бирото за јавна безбедност денеска неофицијално започна координирана акција против фирми и физички лица кои набавиле мазут со што се загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.
Станува збор за разоткриена мрежа на увозници кои незаконски дистрибуирале деривати со сомнително потекло и квалитет, а потоа преку фиктивни кредитни договори и брокерски услуги извлекувале 10 милијарди денари.
Инаку, овие горива често содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија кои можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и почвата.
Според извештаите од повеќе институции, годишно животот го губат неколку илјади граѓани, а загадувањето се смета за една од најголемите причини за иселување.