ПОЛИЦИСКИ НАРКО КАРТЕЛ! КОКАИНОТ ГО ШВЕРЦУВАЛЕ ПРЕКУ ПРИСТАНИШТЕТО БАР И ТУРЦИЈА! Историска акција во Црна Гора, ова е шверцерската рута!

Група собрана околу бегалецот со полициска значка, Љубо Миловиќ, со години шверцувала кокаин во Европа.

Откако црногорските истражители пред неколку дена спроведоа историска акција за апсење поранешни и сегашни припадници на полицијата, кои, како што се шпекулира, со години соработувале со криминалниот Кавачки клан, откриено е како полицискиот нарко картел шверцувал кокаин.

Како што објави “Вијести”, група собрана околу бегалецот со полициска значка, Љубо Миловиќ, наводно со години шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европа, а истражителите пронашле докази дека шверцувале најмалку три тони бел прав.

Дрогата во Европа одела од пристаништето Бар, но и преку Антверпен, Германија и Турција. Доказ за тоа на црногорските истражители им обезбеди Европол, со целосни транскрипти од разговорите водени преку шифрираната апликација Скај. Специјалното државно обвинителство анализирајќи ги доказите утврдило дека Љубо Миловиќ во тој криминален бизнис вмешал неколку негови колеги – активни и поранешни полицајци, главно негови кумови и пријатели, пишува Вијести.

Сите тие, вели соговорникот за “Вијести”, имале прецизни улоги во кланот.

– Наводно, некои биле задолжени да ги искористат своите службени овластувања да проверат дали нивните колеги кои чесно работат се на нивна трага и да алармираат доколку постои опасност. Други имаа задача да ги вмрежат оние што им беа потребни за да ги стават валканите пари во легални канали. Припадниците на полицискиот нарко картел речиси секој ден се среќавале во кафеана во населбата Забјело во Подгорица. Нивните меѓусебни контакти, како и контактите што ги оствариле со други, се снимени во текот на повеќемесечната истрага – додава изворот и потсетува дека 17 лица се врзани со лисици, додека по други се трага.

Слики од Скај

Во прегратките на Звицер

Со месеци се трага по полицаецот Љубо Миловиќ, а на јавноста и стана познат кога се појавија неговите фотографии на кои е со водачот на кавачкиот клан Радој Звицер, но и со Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кои на 4 февруари 2021 година беа уапсени во Белград, под сомнение дека извршил седум брутални убиства.

– Сликите се пронајдени на апликацијата Скај, која ја користел ковачкиот клан. На една слика Миловиќ и неговиот претходно уапсен колега Петар Лазовиќ се во прегратките на Радој Звицер – потсетува изворот.