Перуанската полиција соопшти дека мумифицираните останки биле пронајдени кај тројца мажи кои пиеле и се забавувале во напуштен парк во перуанскиот град Пуно во саботата попладне.
„Дваесет и шестгодишен маж имаше торба со натпис Pedidos Yа. Внатре пронајдоа мумија“, изјави високиот агент Марко Антонио Ортега, портпарол на Националната полиција на регионот Пуно.
Pedidos Ya е апликација за испорака на храна. Сликите од откритието ја покажуваат мумијата во фетална положба во црвена торба за испорака.
26-годишниот маж, идентификуван од агенцијата ,,Франс Прес” како Хулио Цезар Берми, рече дека ги нарекол посмртните останки Хуанита и мумијата ја нарекол негова духовна девојка, пишува Си-Ен-Ен.
„Дома живее во мојата соба и спие со мене. Јас се грижам за неа“, рече тој.
Перуската новинска агенција АNDINA во понеделникот објави дека се верува дека мумијата е возрасен маж и претпоставуваат дека е од источната област Пуно.
Моментално е под заштита а Министерството за култура го прогласи ја национално културно богатство.
Владиниот функционер за агенцијата во вторникот изјави дека Цезар Бермехо ќе остане во притвор додека истражителите го разгледуваат случајот.