Девојчето Данка Илиќ (2) од Бор исчезнало во вторникот во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле, а полицијата го блокира приодот до викендицата каде последен пат била видена малата Данка.
Сепак, неофицијално, во план е целосно расчистување на приодот до пасиштето, со помош на големи машини, а пристигнал и багер.
Тешките машини во моментов се на терен, иако бројот на полицајци засега е значително помал.
Како што дознава српски Курир, полицијата добила нови информации за кои ќе се знае повеќе.
Но, МВР апелира строго да се внимава на известувањето за да не се загрози истрагата и работата на ангажираните лица.
-Истрагата е прекината бидејќи полицијата дошла до нови сознанија, во моментов не може да се каже за што се работи, а во најбрз можен рок МВР ќе соопшти – изјави извор за Курир.
Родителите на исчезнатата Данка се повторно во просториите на полициската станица , но засега нема информации дали тоа има врска со состојбата на терен каде во моментов се трага земјиштето.
На лице место пристигнале пожарникари и спасувачи со приколка.