„Демократската унија за интеграција, преку реакција до медиумите, изрази загриженост и воедно категорично ги отфрла клеветите и тенденциозните вести, кои се шират во некои кругови блиски до власта, а кои имаат за цел да ги оцрнат и лично да ги дискредитираат нашите политички функционери и активисти во Шуто Оризари, вклучително и нивната наводна вмешаност во сериозни инциденти како што се палењето во областите околу Скопје и Визбегово“, се вели во соопштението на ДУИ.
„Овие намерни обиди за јавна манипулација претставуваат директен напад врз гласот на опозицијата и политичката застапеност на Албанците. Во пресрет на локалните избори, јасно е дека се работи за добро осмислена стратегија за заплашување, уцена и ослабување на организациските структури на ДУИ, наместо соочување со граѓаните преку политички алтернативи и искрена демократска дебата“, велат од ДУИ.
ДУИ ги повика одговорните институции транспарентно да ги објаснат причините, законската основа и целта на полицискиот претрес во куќата на г-дин Иљас Лесковица, како и да разјаснат кој од инкриминираните кругови стои зад ваквите селективни одлуки што имаат за цел да извршат притисок врз легитимни политички претставници.
„Демократската унија за интеграција потсетува дека заробувањето на правдата и инструментализацијата на институциите не се предизвик за политичка партија, туку сериозна закана за демократскиот поредок и европската иднина на земјата. За жал, ова не е прв пат државните структури да бидат злоупотребени за политички цели. Претходните случаи, вклучително и случајот Кочани, јасно покажуваат дека вистинските виновници не се соочуваат со правдата, додека други се користат како жртви на политички пресметки. Демократската унија за интеграција останува непоколеблива во својата посветеност на владеењето на правото, на независната правда и на достојната застапеност на албанските граѓани на сите нивоа. Никаков притисок, никаков обид за заплашување нема да ја спречи нашата волја да го браниме легитимното право на политичко учество и застапување“, велат од ДУИ.