Хрватската полиција му објави војна на локалниот политичар , пренесува dvno.hr.
Поранешниот пратеник Иван Пернар веќе извесно време шета низ загрепските средни училишта каде разговара со учениците. Но, се чини дека на неговите прошетки им дојде крајот, наведува порталот.
Имено, Пернар веќе подолго време е на „турнеја“ каде што собира групи ученици пред училиштата, им дели дезинформации, пред сè од областа на здравството.
Тој неодамна одржа говор пред хотелско-туристичката школа во Загреб , порачувајќи им на учениците дека „мора да воспитуваат деца, но не смеат да ги вакцинираат“, пренесува „Jутарњи“. Во таа прилика им препорача редовно да пијат Луголовиот раствор (Јодниот раствор или Луголовиот раствор е мешавина составена од пет проценти јод и 10 проценти калиум јодид, тоа е антисептик со силно антибактериско, антивирусно и антигабично дејство, што официјалната медицина го препорачува пред сè за надворешна употреба и за акутен третман на некои ендокрини заболувања.)
Сега, Шестата полициска станица во Загреб испрати писмо до повеќето средни училишта во нивното подрачје (Нови Загреб) во кое бара од директорите да ја известат полицијата доколку го најдат Пернар таму.
Аларм во шест училишта
Полицијата во својот допис до училиштата се повикува на писмото на детскиот правобранител.
Од Шестата полициска станица напишале писмо адресирано до директорите на шест училишта: Првa, четвртa, осмa и тринаесеттa гимназија, Занаетчиско-индустриско училиште, Градежно-техничко училиште и геодетско училиште.
Според потврдата на директорката на некои од наведените училишта, полициските службеници во белешката наведуваат дека добиле писмо од народниот правобранител во кое таа ги известува дека поранешниот пратеник Иван Пернар е во посета на средни училишта, разговара со ученици и се фотографира со нив.
Полицијата апелира
Полицијата бара од директорите на училиштата да ја известат соодветната полициска станица доколку знаат дека дотичниот доаѓа во нивното училиште .
„Во постојан контакт сме со полициската станица во која гравитираме. Имаме одлична соработка, полицијата навистина се грижи за безбедноста околу училиштето“, изјави Здравка Крпина, директор на хотелиерско- туристичко училиште.