Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 22 часот го привеле 48 годишниот Ф.А. од Куманово.
Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека од приватен имот на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово одзел повеќе предмети.
Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.