Полицијата пронашла најмалку 115 трупови во „зелена“ погребална куќа во Колорадо, поради што објектот е под истрага за незаконско фрлање посмрти останки, пишуваат американските медиуми.
Локалниот шериф Ален Купер вели дека работат со други агенции за да утврдат дали се работи за криминална активност, пишува Huff Post.
„Враќање во природата“ како што се нарекува самата погребна куќа во Пенроус, Колорадо, спроведува „еколошки“ погреби, што значи дека нема хемикалии за балсамирање и нема метални ковчези.
Истрагата била фокусирана на главната зграда на погребалното, каде жителите се пожалиле на полицијата дека од неа доаѓа неопислива смрдеа. Полицијата дошла со налог за претрес и пронашла неправилно отстранети човечки останки.
Надлежните изјавија дека засега нема опасност по јавното здравје.
Во Пенроус живеат околу 3.000 луѓе.