Полицијата соопшти дека вооружен напаѓач убил најмалку 10 луѓе во училиште во Шведска

Полицијата во Шведска на прес-конференција во 18 часот соопшти дека во нападот во училиштето Рисбергска загинале околу 10 лица.

Нарачателот на нападот претходно не и бил познат на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам.

,,Веќе нема никаква опасност“, велат од полицијата, кои не откриваат податоци за возраста на загинатите.

На втората прес-конференција денеска, полицијата соопшти дека во престрелката се убиени „десетина луѓе“ и дека се работи за нивно идентификување. Напаѓачот наводно е меѓу загинатите.

Мотивот за овој страшен настан не е познат, тврди началникот на градската полиција Роберто Еид Форест, но се чини дека „тоа не е тероризам или организиран криминал“.

Неколку шведски медиуми јавуваат дека 11 лица загинале, а неколку други се повредени. Шведскиот „ТВ4 њуз“ објави дека напаѓачот наводно имал дозвола за оружје.