Полошо од шеќер и масти заедно: Извадете ја оваа популарна храна од кујната што е можно поскоро

Соиното масло може да влијае на инсулинската резистенција и сè повеќе се додава во храната.

Шеќерот и мастите се сметаат за најнездрава храна, но научниците предупредуваат дека постои нешто понездраво од тие две намирници – соиното масло , пишува „Дејли меил“.

Тоа е едно од најшироко користените растителни масла, а половина од растителните масла произведени во светот се од соино масло.

Иако не мора да го имате овој вид масло во течна состојба на полицата во вашата кујна, тоа многу често е состојка во готова, преработена храна во конзерви и слични пакувања.

Соиното масло долго време се смета за многу здрав избор, но резултатите од студијата објавена во списанието „PLOS One“ укажуваат на голем број причини зошто популарната состојка за готвење може да има сериозни последици по здравјето на поединецот, полоши од шеќерот.

Како дел од студијата за различни видови навики во исхраната, научниците од Универзитетот во Калифорнија спроведоа тестови на лабораториски глувци.

Тие ги хранеле со храна со 40 проценти масти, количина слична на онаа што ја консумираат повеќето Американци.

Едната група примала заситени масти главно од кокосово масло, а другата била хранета со исхрана базирана на незаситени масти од соино масло, на кои им било додадено кокосово масло.

Втората група содржела иста количина на незаситени масти колку што консумира просечниот Американец.

инсулинска резистенција

Како дел од дополнителните два работни планови, научниците им дале на глувците две верзии на храна со висока содржина на масти со додадена фруктоза, шеќер што се наоѓа во овошјето и медот.

Храната од сите четири диети содржела ист број калории, што значи дека научниците можеле да го проценат вистинскиот ефект на различните видови масло и фруктоза врз телото на глувците.

Тие очекувале дека глувците кои јаделе масти со фруктоза ќе се здебелат најмногу и ќе развијат најсилна инсулинска резистенција, но резултатите ги изненадиле.

Глувците од групата што јаделе храна со соино масло се здебелиле најмногу, девет проценти повеќе од глувците што јаделе масна храна со фруктоза, па дури и 25 проценти повеќе од оние што јаделе масти од кокосово масло.

Кај глувци кои консумирале соино масло биле забележани замастен црн дроб и поголема инсулинска резистенција.

Водителот на студијата, Пунамџот Деол, призна дека тој и неговите колеги биле изненадени од резултатите, „особено со оглед на дневните предупредувања за потенцијалната улога на шеќерот во сеприсутната епидемија на дебелина“.

Австралиската нутриционистка Линди Коен за списанието „Фимел“ изјави дека половина од растителните масла произведени во светот се соино масло, кое се користи во многу преработени и спакувани прехранбени производи поради неговата ниска цена.

Кога на производот е напишана етикетата „растително масло“, генерално станува збор за соино масло или некои од неговите компоненти.

Коен додава дека гените за човечкиот црн дроб се однесуваат слично на гените за глувци, што значи дека студијата може да се примени и кај нас.