– Седум лица се повредени, а две се водат за исчезнати по експлозијаta и уривањето на половина од стара евангелистичка парохиска трикатна зграда во Катовице, на југот на Полска, соопштија денеска тамошните пожарникари.
Соопштено е дека причина за експлозијата најверојатно е гасот што се користел за греење и готвење, но покрената e истрага.
Заменик-началникот на противпожарната служба Мирослав Синовец изјави дека куче-трагач помага во потрагата.
Очевидци за полските медиуми изјавија дека меѓу повредените има и мали деца.