Полска се подготвува за избори: Еве кој е фаворит

Кандидатот на владејачката полска граѓанска коалиција (КО), градоначалникот на Варшава, Рафал Чашковски, води на анкетите во пресрет на претседателските избори закажани за 18 мај, со поддршка од 32 отсто, покажуваат резултатите од анкетата што ја објави ТВН24.

Кандидатот на опозициската партија Право и Правда (ПиС), Карол Навроцки , има 26 отсто поддршка, објави Ројтерс.

На трето место е кандидатот на крајнодесничарската партија Конфедерација, Славомир Менчен , со 15 отсто поддршка. 

Останатите кандидати имаат поддршка во едноцифрени проценти. Меѓу нив се и претседателот на парламентот Симон Холовнија од центристичката партија Трет пат, како и левичарските кандидати Магдалена Бијат и Адријан Зандберг. 

Доколку ниту еден кандидат не го надмине прагот од 50 отсто во првиот круг, вториот круг од изборите ќе се одржи на 1 јуни меѓу двајцата најдобри кандидати.