Полската гранична полиција побараа од владата да испрати уште 1.000 војници на границата со Белорусија за да се справи со зголемувањето на обидите за илегално преминување.
Службата тврди дека најмалку 19.000 луѓе веќе се обиделе да ја преминат границата оваа година, во споредба со 16.000 во 2022 година, пишува Sky News.
Полските гранични власти забележаа приближно 3.900 обиди за преминување само во јули – месецот кога шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин објави дека почнал да ја обучува белоруската армија за да стане „втората најдобра армија во светот“.
Полското Министерство за одбрана веќе испрати повеќе од 1.000 војници на границата, поттикнати од загриженоста за присуството на платеничката група Вагнер во проруската држава.
Истражувачкиот центар на Институтот за проучување на војната вели дека Вагнер изведувал вежби во кампот во Брест, шестиот по големина град во Белорусија – кој се наоѓа на неколку стотини метри од полската граница.
ОН и Белата куќа постојано нагласуваат дека нема веродостојни знаци дека Вагнер претставува некаква реална опасност за Полска.