– Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, реализира официјална посета на Албанија, во чии рамки беше пречекан со државни и воени почести од страна на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Претседателот на Албанија, Бегај, со државни и воени почести го пречека Дуда во Претседателството на Албанија.
На оваа церемонија беа присутни и делегациите на Албанија и Полска.
По тет-а-тет средбата двајцата претседатели ќе претседаваат со состанокот меѓу делегациите на двете земи.
По завршувањето на средбата Бегај и Дуда ќе одржат заедничка прес-конференција.
Исто така, Бегај и Дуда ќе учествуваат и на заедничкиот економски форум Албанија-Полска што ќе се одржи во Тирана со учество на претставници на бизнис-заедницата од двете земји.
Во рамките на посетата на Албанија, полскиот претседател Дуда ќе се сретне и со други функционери во земјата.