Полска очекува испораки на американско оружје што треба да ја зајакне одбраната на истокот на земјата, изјави полскиот министер за национална одбрана Мариуш Блашчак.
– Следната недела очекуваме американскиот Конгрес да го одобри нашето барање за хеликоптери Apać – изјави шефот на полското Министерство за одбрана, а пренесуваат полските медиуми.
– Apać заедно со Abrams ќе подигнат ѕид кој ќе ја затвори портата Брест… Станува збор за тоа дека тенковите Abrams заедно со Apać ќе формираат непремостлива бариера – нагласи Блашчак.
Полскиот министер за одбрана додаде и дека оружјето на источната граница вклучува јужнокорејски тенкови К2 Црн Пантер, борбени авиони FА-50 и високоподвижни ракетни артилериски системи HIMARS.
– По 18 години пауза, повторно формиравме воена единица – 1 ракетна бригада – рече тој.
Портата Брест – термин за дел од областа околу градот Брест, во близина на полско-белоруската гранична област, лента широка 80 километри помеѓу реките Нарев и Буг. Полска минатата година објави дека има намера да купи 96 хеликоптери Apać од САД.