Има само еден вечен град, а неговото име е Рим. Главниот град на Италија е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот и можеби ова лето е ваш избор наместо море.
Пред да го посетите за прв пат или повторно, дознајте малку повеќе за него.
Според легендата, градот го основале браќата Ромул и Рем во 753 година п.н.е. Рим има 2,7 милиони жители, а околината достигнува близу четири милиони.
Зборот „палата“ доаѓа од римскиот Палатински рид, каде што царот Август ја воспоставил традицијата царевите да ги градат своите палати таму.
Секој ден од Фонтаната ди Треви се извлекуваат околу 3.000 евра, кои потоа се донираат на Каритас. Денес, градот има околу 300 фонтани и 900 цркви.