Актерката и модел Елизабет Харли повторно победува со својот моден избор.
Актерката неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Строго доверливо“ во Њујорк, а на црвениот тепих друштво и правеше нејзиниот 22-годишен син. Тој е и режисер на споменатиот филм.
Убавата 58-годишна девојка за оваа пригода облекла металик фустан од Версаче, а интересно е што истиот фустан го носела и пред 13 години.
Харлијева на сите социјални мрежи објави фотографии од таа вечер, а на Инстаграм даде и мал опис на своето модно издание.
“Фу, сè уште ми стои. Сакам да наоѓам фустани кои сум ги носела во минатото и од кои имам убави спомени и сакам повторно да ги носам за специјални прилики”, рекла таа и открила кога за прв пат облекла тоалет. .
„Прв пат го облеков во 2011 година на хуманитарен настан во Лондон…“.
Многубројните обожаватели на актерката беа воодушевени од нејзиниот изглед, а позитивните коментари постојано се слеваа под објавата.
„Сè уште си убава“, „Старееш како убаво вино“, „Убавици“, „Чудо е како пораснаа, но совршено ти прилегаат“, се само неколку…