ПОМИНАЛА НИЗ ПЕКОЛОТ- ТАТКО И ЈА СИЛУВАЛ, МАЖИТЕ ЈА ТРЕТИРАЛЕ КАКО РОБИНКА, А ПОТОА ДОБИЛА ТЕШКА БОЛЕСТ: ТРАГИЧНАТА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ

Познатата Рита Хејворт е родена на 15 мај 1918 година во семејство на танчери, како Маргарита Кармен Кансино.

Нејзиниот дедо бил Антонио Канчино, шпански танчер заслужен за популаризација на болерото во САД, а нејзиниот татко, Едуардо, исто така бил талентиран танчер. Мајката Волга била дел од групата за танцување и пеење „Ziegfeld Follies“.

Таткото го преселил семејството во Холивуд за да може да ги подучува на танц ѕвездите, но за време на големата економска криза останал без клиенти.

Кога неговата ќерка наполнила 12 години, тој решил да го искористи нејзиниот талент и таа станала негов танц партнер.

Долго време настапувале под името „The Dancing Cansinos“. Маргарита изгледала постаро отколку што била и не можела да настапува во американските клубови, па танцувала со својот татко во зачадените казина во Тихуана.

Сите мислеле дека Едуардо и Маргарита се маж и жена, што воопшто не му пречело. Од друга страна, таа го презирала својот татко, кој ја тепал и ја принудил да посетува часови мачен тренинг за танцување, но и сексуално ја злоставувал.

Овие ужасни тврдења ги изнесе нејзиниот втор сопруг, режисерот и писател Орсон Велс. Ова и го кажа на авторката на биографијата на Рита, Барбара Лиминг.

„Едуардо ја силувал попладнето, а ноќе танцувал со неа“, пишувало во книгата.

Маргарита додека настапувала во Тихуана ја забележал продуцентот на филмското студио „Фокс“ и ја повикал на аудиција. Набрзо и понудил договор на шест месеци, но таа добила само помали улоги и останала незабележана.

Договорот не и бил продолжен, па се вратила кај нејзиниот татко.

Кога имала 18 години, го запознала бизнисменот Едвард Џадсон, кој во тоа време имал 41 година. Тој во неа видел можност да заработи и ја однел во Лас Вегас, а таа мислела дека тој ќе и помогне во кариерата и дека конечно била спасена од тиранијата на нејзиниот татко.

Едвард и Маргарита наскоро се венчаа, а тој стана нејзин менаџер. Како што се зборуваше, често ја „позајмуваше“ на влијателни мажи за да ја направи ѕвезда.

Иако добиваше помали улоги, брзо сфатија дека можат да ја направат холивудска ѕвезда, но само ако се ослободи од својот „латино“ изглед. Потоа го сменила своето име во Рита и го зела моминското презиме на нејзината мајка со британско потекло. Темните локни ги заменила со огнена црвена коса и секогаш била гламурозно облечена.

Првата голема улога ја добила во филмот „Strawberry Blond“, а потоа го снимила „Blood and Sand“. Таа се пробила во самиот врв на актерската сцена, а медиумите ја обожаваа бидејќи за разлика од другите актерки не бегала од нив и гордо позирала за многу светски магазини.

Како што растел нејзиниот успех, Едвард се повеќе се плашел дека ќе го остави и и се заканувал дека ќе ја полие со киселина и ќе и го уништи лицето.

И покрај тоа, актерката поднела барање за развод во 1942 година, наведувајќи ја „суровоста“ како главна причина. Се што заработила му го предала на Едвард во случајот за развод само за да се ослободи од него.

Не долго после тоа, таа го запознала режисерот и писател Орсон Велс, кој ќе стане нејзин втор сопруг. Тој се заљубил во неа кога ја видел во списание. Тие се венчале, а подоцна Рита го родила нивното прво дете, ќерката Ребека.

Таа беше една од најпопуларните актерки во Холивуд, а со своето танцување воодушеви многу великани, меѓу кои и Фред Астер, со кој глумеше во два филма. Медиумите на овој пар дури и го дадоа прекарот „Убавицата и мозокот“.

Колку Рита била популарна сведочи и фактот што американската војска била толку воодушевена од нејзината улога во филмот „Гилда“ што нејзината фотографија се појавила на атомската бомба фрлена на американско тло заради тестирање во 1946 година.

Иако се чинеше дека конечно сè во нејзиниот живот е во ред, Орсон набрзо увиде дека Рита е несигурна и посесивна. Во првите две години од бракот ја изневерувал со неколку жени, меѓу кои и Џуди Гарланд.

Како што раскажал, на Велс почнал да и пречи нејзиниот експлозивен темперамент и тврдел дека во моментите на лутина таа можела да уништи се околу куќата. Истакна и дека никогаш не му се лутела на него, туку на своите родителите.

И во овој брак не била целосно верна, а сопругот го изневерувала со бројни мажи. Вистинска бура во јавноста предизвика нејзината афера со индустријалецот Хауард Хјуз, со кој остана бремена. Потоа решила да отпатува во Европа и таму да абортира.

Рита го запознала принцот Али Кан во Кан во 1968 година, кој бил познат како голем заводник. Следната година, тие се венчаа на една од најконтроверзните свадби досега, бидејќи актерката сè уште беше официјално во брак со Орсон Велс.

Поради целата оваа приказна, одреден дел од публиката ги бојкотираше нејзините филмови, а Рита стана „првата холивудска принцеза“. Кон крајот на годината го родила своето второ дете, ќерката Јасмин, која е единственото дете на неа и на Али.

Сепак, нејзината немирна природа се манифестираше дури и во овој брак. Се шпекулираше дека имала напади на паника кога Али отишол на фризер, а со оглед на неговата репутација, се чини дека нејзината загриженост не била неоснована.

Имено, можеше да се слушне дека Али ја изневерувал Рита кога и да пристигнел, најмногу со нејзините колешки.

Во еден момент актерката реши да се врати во САД со своите ќерки, а две години подоцна и официјално се разведе од Али Кан. Овој удар ја погодил толку силно што почнала да пие повеќе од кога било, пишуваа тогашните медиуми.

Нејзините последни два брака беа доста турбулентни.

Таа го запознала пејачот Дик Хејмс кога неговата кариера пропаѓала и тој бил во големи долгови. Во одредени кругови бил познат како „Господин Зао“.

Тој, наводно, физички ја малтретирал Рита и еднаш и удрил шлаканица во популарен клуб во Лос Анџелес, што доведе до крајот на нивниот двегодишен брак.

Пишуваше дека, според наредбите на лекарот, Рита ги поминала следните неколку дена во кревет за да се опорави. Иако имала само 37 години кога се разведе по трет пат, нејзиниот начин на живот направи да изгледа многу постаро, а брчките од стрес и алкохол ги криеше под многу шминка.

Последниот сопруг на Рита Хејворт беше продуцентот Џејмс Хил. Таа поминала три години со него, а тој психички ја малтретирал и и се заканувал бидејќи сакала да престане да глуми во холивудските филмови.

Дека Хил ја третирал сопругата како робинка, потврдил и Чарлс Хјустон, кој еднаш вечерал со оваа двојка.

„Тој ѝ викаше додека не почна да плаче и да се тресе“, раскажува актерот и додал дека никогаш нема да си прости што тогаш не и помогнал.

Рита Хејворт почина во 1987 година на 69-годишна возраст од компликации предизвикани од Алцхајмерова болест, која и беше дијагностицирана седум години претходно.

Последните години за неа се грижела нејзината ќерка Јасмин Ага Кан, која вели дека верува дека нејзината мајка ги имала првите симптоми на оваа болест многу порано, но дека тогаш ништо не се знаело за Алцхајмеровата болест.

Нејзините колеги мислеа дека нејзиното заборавање на дијалозите на снимањето е резултат на прекумерно консумирање алкохол, а подоцна ќе испадне дека тоа се првите знаци на нејзината болест.

Рита Хејворт е првата јавна личност на која и е дијагностицирана Алцхајмерова болест.

Таа глумела во филмовите „Сенка“, „Приказни за Менхетен“, „Гилда“, „Салома“, „Одделни маси“, „Циркуски цвет“, „Афера Тринидад“ и други.