Еден од најголемите италијански музичари го напушти овој свет!
Италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутињо почина на 81-годишна возраст.
Тој починал во болницата во Милано каде бил хоспитализиран, пишуваат италијанските медиуми, а пренесува „Вијести“.
Веста за италијанската агенција ,,Ansa” ја потврди неговиот менаџер Данило Манкузо, кој објасни дека состојбата на пејачот се влошила по долго боледување во последните месеци.
На познатиот фестивал во Санремо учествувал 13 пати, првпат во 1976 година, со бендот „Albatros“, кога го освоил третото место. Го освои Санремо во 1980 година со песната „Solo nou“, а шест пати го зазема второто место. Соло кариерата ја започна во 1978 година.