Таа брзо реагирала, го спуштила на подот и му дала вештачко дишење, а набрзо пристигнала и брза помош
Касандра Рејнолдс од Калифорнија пред девет години, по 10 години брак, го загубила сопругот со кој има три деца. На 41-годишна возраст, тој ненадејно почина од срцев удар.
Имено, Касандра вели дека нејзиниот сопруг постојано работел ноќни смени и поради тоа пиел енергетски пијалоци, бидејќи често му паѓала концентрацијата и му требало нешто за да го разбуди. За жал, по обдукцијата беше утврдено дека причината за смртта е всушност прекумерната употреба.
„Тој ми беше се, мојата сродна душа, а сега го нема“, низ солзи рекла Касандра потсетувајќи се на сцената во која ја разбудил задушувањето на нејзиниот сопруг, покрај кого во тој момент мирно спиела.
Таа брзо реагирала, го спуштила на подот и му дала вештачко дишење, а набрзо пристигнала и брза помош.
„Не можев да им верувам на своите очи. Бев во паника и шок бидејќи немав поим што се случува со мојот сопруг. Го видов само неговото лице како сино-сиво и само се молев да преживее“, вели таа.
„Беше здрав, вежбаше секој ден, еден месец претходно одеше на рутинска контрола и се беше во ред. Кога стигнавме во болница, лекарите ми рекоа дека нивото на шеќер во крвта му е страшно високо и ми поставуваа прашања за неговите навики, дали имал некакви здравствени проблеми“, вели Касандра.
Сопругот на Касандра бил примен во болница, но за жал, неколку дена подоцна ѝ било кажано дека е мозочно мртов и дека треба да одлучи дали ќе го тргне од машината или ќе остане засекогаш прикована за креветот како растение.
“На крајот, докторот ме праша дали Џон консумира енергетски пијалоци и јас реков да, по еден дневно. Потоа ми објасни дека само еден енергетски пијалок е доволен за да се наруши срцевиот ритам”, се сеќава таа.
Касандра сепак решила да го тргне Џон од машината, бидејќи знаела дека тој не би сакал да живее така, па набрзо ги однела децата во болница за да се поздрават со нивниот татко.
“Тој беше одличен татко и најдобар сопруг, да го гледам како умира беше најтешкото нешто што сум го доживеала во животот. Срцето ми се скрши. Тој беше љубовта на мојот живот и мојата сродна душа”, заклучува Касандра.
Од смртта на нејзиниот сопруг, Касандра прави се што може за да ја подигне свеста за здравствените ефекти на енергетските пијалоци бидејќи комбинацијата на шеќер и кофеин со адитиви понекогаш може да биде премногу за срцето.
„Сакам луѓето да знаат колку се опасни овие пијалоци. Докторот ми рече дека луѓето што ги пијат си играат руски рулет со својот живот и тоа навистина ме погоди“, тврди таа, додавајќи дека лекарите и кажале и дека нејзиниот сопруг имал силно срце, но дека нездравиот живот сепак полета.