ПОМОШ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД -Chrome наскоро ќе може да конвертира PDF-датотеки во текст и потоа да ги „чита на глас“

Компанијата Гугл наскоро ќе им го олесни животот на лицата со оштетен вид со воведување на технологијата OCR (оптичко препознавање знаци) во Chrome, која ќе овозможи конверзија на PDF-датотеки во текст, а потоа „да го чита на глас“. Но, тоа не е сè, бидејќи истата алатка ќе ги опишува фотографиите.

Новата функција ќе се појави на корисниците во „наредните месеци“, а Google планира да ја прошири надвор од Chrome подоцна оваа година. Сепак, се уште не е познато кои платформи ќе ја добијат надградбата.

Овој потег на Google е дел од поширокото образовно движење кое вклучува лиценцирање на апликации за училишни Chromebook уреди и бесплатен пристап до Adobe Express во САД. Администраторите ќе имаат поголема контрола врз тоа што учениците и наставниците можат да пристапат на нивните Chromebook-и и ќе можат да им забранат на студентите да копираат и залепуваат текст од одредени веб-локации, како што се генеративните алатки за вештачка интелигенција што би можеле да им помогнат да мамат на тестовите. Од друга страна, корисниците ќе можат полесно да ги исклучуваат микрофонот и камерата, без оглед на тоа „каде се наоѓаат“ во ОС.

Алатката за конвертирање на PDF и читање текст првенствено е наменета за употреба во училници каде има ученици кои имаат проблеми со видот, така што ќе им биде полесно да читаат скенирани материјали од часовите или потребните написи за истражување. Исто така, ќе го направи интернетот попристапен за јавноста.