Францускиот претседател Емануел Макрон повика на интензивирање на напорите за постигнување траен прекин на огнот во Газа.
– Ситуацијата бара зголемени напори за да се постигне траен прекин на огнот, да се ослободат сите заложници кои ги држи Хамас, да се овозможи побрза помош за Газа, како и да се осигура безбедноста на Израел – рече Макрон.
Макрон, говорејќи на маргините на конференцијата за климата во Дубаи, најави дека ќе отпатува во Катар за да помогне во „воспоставувањето ново примирје“.